
Потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, изјави дека владата ќе го повлече црногорскиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ – Дака од годишниот план за инвестиции за изградба на енергетски објект во Штип, откако од ВМРО-ДПМНЕ стигна реакција дека проектот ќе биде отстранет.
Николоски додаде дека ниту Давидовиќ , ниту која било негова компанија нема да гради во Македонија.
Годишниот план претставува само иницијален документ во кој се утврдуваат почетните позиции и дека тоа не значи автоматски одобрување за изградба. Изградбата на енергетски објект е долга и сложена процедура, во која следуваат повеќе фази – од урбанизација, изработка на еколошка студија, процена на влијанието врз животната и социјалната средина, па сè до финалното овластување што го издава Министерството за енергетика, а го потврдува Владата“, вели Николоски
Според него, дури во фазата на овластување се бара банкарска гаранција од 25 илјади евра по мегават, по што се врши детална проверка на потеклото на капиталот и способноста на компаниите. Николоски потенцираше дека во иницијалната фаза не се проверува сопственоста на компанијата и дека токму затоа е важно што опозицијата реагирала во рана фаза.
Нашиот став е јасен – Миодраг Дака, ниту била која негова компанија нема да гради во Македонија“, истакна Николоски.
Тој потсети дека уште додека бил во опозиција го отворал ова прашање, посочувајќи дека кон крајот на август 2022 година ја објавил аферата со „Шик Јелак“, урбанистички план во Тетово кој бил првиот голем план усвоен по парламентарните избори во 2020 година. Според него, токму овој случај бил причина зошто тогашната градоначалничка Теута Арифи не заминала за амбасадор во Вашингтон.
Николоски додаде дека улогата на опозицијата е да критикува и да укажува и оцени дека во овој случај предупредувањето дошло навреме.

Македонски



