Skip to main content

Путин: Едноставно е невозможно Ерменија да стане членка на ЕУ

Рускиот претседател, Владимир Путин изјави дека „едноставно е невозможно“ Ерменија да биде членка на Европска Унија, бидејќи земјата веќе е член на царинска унија со Русија.

Истовремено членство во ЕУ и во Евроазиската економска унија едноставно е невозможно по дефиниција. Разбираме дека секоја земја се обидува да извлече максимална корист од својата соработка со трети земји, но тоа мора да се направи на очигледен и искрен начин и да се договори од самиот почеток“, изјави Путин на средбата во Кремљ со ерменскиот премиер Никол Пашинјан.

Путин изрази надеж дека „проруските“ политички движења би можеле да учествуваат на парламентарните избори во Ерменија закажани во јуни.

Навистина би сакале сите партии и политичари да можат да учествуваат во оваа внатрешнополитичка работа за време на изборите“, наведе Путин.

Ерменија, поранешна советска република, се приклучи на Евроазиската економска унија во 2015 година. Но, Ерменија веќе две години покажува недоверба кон Русија, која е историски сојузник на Ереван. Русија сè уште има воена база на ерменска територија.

Ерменскиот парламент минатата година донесе закон што овозможува почеток на преговори за пристапување со ЕУ. 

Поврзани вести