Skip to main content

Националниот координатор Салко Куч во посета на Општина Маврово и Ростуше

Националниот координатор за меѓуетничка и меѓуресорска соработка, Салко Куч беше во посета Општина Маврово и Ростуше, каде најпрво имаше средба со градоначалникот Онер Јакупоски. 
 
Според општинскиот сектор за информирање посетата била во насока на понатамошно унапредување и зајакнување на меѓуетничкиот дијалог во регионот.  

На средбата беа потврдени веќе воспоставените одлични односи помеѓу сите етнички и религиски заедници во општината, кои со децении претставуваат пример за соживот, додаваат од секторот. 

Соговорниците разговарале за конкретни начини за уште поголемо јакнење на меѓусебната доверба и почит, како и за иницирање на дополнителни активности кои ќе придонесат кон подобра социјална кохезија. 

За нас, различностите не се пречка, туку огромна вредност, а меѓусебната соработка е единствениот темел на кој можеме да градиме вистински напредок за сите граѓани, истакнал градоначалникот Јакупоски. 

Тој додал дека Општина Маврово и Ростуше останува цврсто посветена на градење инклузивна, солидарна и обединета заедница.