Skip to main content

Американската војска итно набавува мобилни бункери за да ги заштити своите војници на Блискиот Исток

Министерството за одбрана на САД почна итна потрага по компании добавувачи на мобилни засолништа, односно подвижни бункери, за заштита на војниците од фрагменти и ударен бран од балистички ракети.

Соодветното барање на Пентагон се појави на порталот SAM.gov, американскиот електронски систем за владини набавки. Наведени се три рока за испорака: во рок од 3, 15 и 30 дена, при што Блискиот Исток е наведен како крајна дестинација.

Во федералното известување се бара од добавувачите да обезбедат детални информации за експлозиите, фрагментациите и балистичките удари што нивните засолништа можат да ги издржат.

Ваквата набавка Министерството за одбрана на САД ја пкажува потребата што американските сили на Блискиот Исток ќе ја имаат за заштита на трупите во време кога може да се очекува ескалација на борбените дејствија со копнена операција против Иран.

Поврзани вести