Skip to main content

Објавен конкурсот за доделување на државната награда „23 Октомври” во 2026 година

Распишан е Конкурс за доделување на државната награда „23 Октомври“ во 2026 година, соопшти Министерството за култура и туризам.

Конкурсот ќе трае од 1 до 30 април 2026 година.

Со државната награда „23 Октомври“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Република Македонија.

Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.

Конкурсот и пријавата се достапни на веб-страницата на Министерството за култура и туризам.

Поврзани вести