
Шпанија го затвори својот воздушен простор за летови вклучени во операцијата „Епски бес“, што САД и Израел ја почнаа против Иран – објави шпанскиот весник „Паис“ повикувајќи се на неименувани воени извори.
Шпанија не само што забранува користење на воздухопловните бази Рота во Кадис и Морон дела Фронтера во Севилја од страна на борбени авиони или авиони за полнење гориво кои соработуваат во нападот, туку и забранува прелети на американски авиони стационирани во трети земји, како што се Велика Британија или Франција.
Весникот наведува дека тоа не значи дека авионите на американските воздухопловни сили нема ги користат воздухопловните бази Морон и Рота, бидејќи сите мисии според билатералниот договор со Вашингтон остануваат во сила, како што е логистичката поддршка за приближно 80.000 американски војници распоредени во Европа, што се извршува нормално.
Од воена гледна точка, затворањето на шпанскиот воздушен простор ја комплицира операцијата „Епски бес“ бидејќи базите Рота и Морон овозможуваат брз пристап до морето, а полнењето гориво се одвива над Атлантскиот Океан, па бомбардерите што полетуваат од Ферфорд мора да ја прелетаат Франција од север кон југ и да полнат гориво кога ќе стигнат до Медитеранот, освен ако тоа не го сторат над француската територија, што носи поголем ризик. За авионите „Б-2 што доаѓаат директно од САД, полнењето со гориво го обезбедуваат авионите танкери КЦ-46 Пегазус стационирани во воздухопловната база Лахес на Азорски Острови.

Македонски



