
Босанскиот фан кој го понуди својот балкон со најдобар поглед на стадионот „Билино поле“,во Зеница за 500 евра за утрешниот меч против Италија, изјави дека само се шегувал.
– Луѓе, престанете да ми праќате пораки, да ми нудите секакви работи во замена за балконот. Ова отиде малку предалеку. Кој не сфати дека се работи за шега, тоа е негов проблем. Балкнот останува резервиран исклучиво за мене и моето потесно семејство. Одиме заедно кон пласман на СП, – порача навивачот.

Македонски



