
Рускиот танкер „Анатолиј Колодкин“ со 650.000 барели нафта „Урал“ вплови во ексклузивната економска зона на Куба, што би можело да биде првиот увоз на руска нафта во земјата во последните два месеци, објави Ројтерс.
Ова како што јавува агенцијата претставува прв увоз на нафта во карипската земја по подолго време.
Според информациите објавени, рускиот танкер ќе биде истоварен во кубанското пристаниште Матанзас доколку не го промени својот сегашен курс.
САД дозволија руски танкер за нафта да се приближи до Куба, притоа крајбрежната стража на САД да не добие наредба да го пресретне бродот, иако има бродови способни за таква операција во регионот. Со ова се избегна можна директна конфронтација со Русија во близина на брегот на САД.

Македонски



