
Денеска во Министерството за одбрана се одбележува Денот на Генералштабот на Армијата, 28 март, и денот кога пред 6 години Македонија стана дел од најмоќниот политичко-воен сојуз, НАТО.

Овие датуми ја истакнуваат посветеноста и визијата на сите кои ја развиваат и модернизираат македонската Армија. Со нова опрема, инвестирање во човечкиот капитал и инфраструктурата, македонската Армија станува уште посилна и подготвена да ја гарантира безбедноста на татковината. Горди сме што како држава даваме голем придонес во Алијансата и што нашите македонски војници се признати за нивниот професионализам и посветеност. Честит Ден на Генералштабот на Армијата!, објави министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Македонски



