Skip to main content

Тони Атанасов е нов предводник на Брера Струмица

Со одлука на Управниот одбор на Брера Струмица за нов прв тренер на екипата е именуван Тони Атанасов, а помошник му е Панче Стојанов. Покрај нив во Стручниот штаб на струмичкиот прволигаш ќе работат и Дарко Коцев како кондиционен тренер и Ѓорги Шопов како тренер на голманите.

Оваа одлука на раководството на Брера доаѓа откако спогодбено ја раскина соработкат со досегашниот тренер Горазд Михаилов.

Тони Атанасов и Панче Стојанов се добро познати на струмичката јавност. Оставија печат како фудбалери, но и со работата во младинските погони на Академија Пандев, а сега Брера Струмица. Со својот професионален пристап ќе се обидат да извлечат максимум од првиот тим кој есенскиот дел го заврши на осмата позиција, се наведува во соопштението од клубот.

Струмичкиот прволигаш утре ги почнува подготовките за продолжението на првенството. Како што информираат од Брера Струмица, според планот ќе се работи секојдневно, а планирани се и неколку контролни средби со кои ќе се подигне нивото на екипата за првенствените и куп мечевите напролет.