Skip to main content

Македонските фудбалери отпатуваа за Копенхаген

Фото: ФФМ

Македонската фудбалска репрезентација попладнево со чартер лет отпатува за Копенхаген каде в четврток од 20:45 часот ќе се соочи со домаќинот Данска во полуфиналето од плејофот за пласман на Светското првенство 2026.

Избраниците на селекторот Гоце Седлоски во текот на утрешниот ден ќе го одржат официјалниот тренинг на стадионот „Паркен“, чиј капацитет, според извештаите, е целосно распродаден за натпреварот в четврток.

Победникот од дуелот во Копенхаген за противник во финалето од мундијалскиот плејоф ќе игра со победникот од полуфиналниот бараж меѓу Чешка и Ирска, закажан во истиот термин на Фортуна Арена во Прага.

Македонската репрезентација досега има одиграно три натпревари против Данска со скор од една победа, едно реми и еден пораз.

Поврзани вести