Skip to main content

Близначиња лемури се родија во ЗOO Скопје

Во Зоолошка градина Скопје се родија две преслатки близначиња лемури, кои веќе го разубавуваат живеалиштето со својата разиграност и љубопитност, објавија од Зоо Скопје.

Лемурите се примати кои потекнуваат од Мадагаскар и се познати по своите долги опашки, големи очи и силно развиено чувство за заедница. Живеат во групи, комуницираат со звуци и мириси, а мајките се исклучително грижливи, носејќи ги своите младенчиња постојано со себе. Кај лемурите владее матријархат, односно женките се главни во своите групи.

Овие нови животи се уште еден доказ за успешната грижа и посветеност на тимот во ЗОО Скопје.

Поврзани вести