Иако маријачите се далеку од нас десетици илјади километри, мексиканската храна може да ни биде на дофат на рацете! Ви претставуваме автентични рецепти за приготвување оригинален такос.
САЛСА ГВАКАМОЛЕ
ПОТРЕБНО:
2 авокада
1 домат
½ кромид
сок од лимон
½ врзоп коријандер
сол, црн пипер
Приготвување: изблендирајте го исчистеното авокадо со стапчест миксер или испасирајте го со виљушка, додајте ситно сечкан кромид, домат, сок од еден лимон, коријандер и зачини. Измешајте и послужете со начос или со чипс.
Екстра-совет: доколку сте за чили-верзија, додајте сечкано луто пиперче.
КЕСАДИЈА-БИФТЕК
За 4 лица
Состојки:
4 тортилји
600 г јунешки стек
400 г гауда
Приготвување: исечкајте го месото на тенки ленти и печете го во загреана тава. Поделете ги месото и сирењето на 4 еднакви дела и подгответе ја секоја порција посебно. Ставете го кашкавалот да се растопи во тава на оган и додајте го печеното месо. Кога ќе се запече, поклопете со тортилја. Завртете ја тортилјата со помош на шпатула, преклопете ја на половина и оставете ја да се запече од двете страни. Сервирајте со гватамоле-сос.
ТАКОС АЛПАСТОР
За 4 лица
Состојки:
600 г свинско каре
12 мали тортилји
За маринада:
½ кромид
3 чешниња лук
½ портокал
3 парчиња ананас
сол, црн пипер, каранфилче
½ супена лажица шеќер
½ супена лажица ал-пипер
врзоп коријандер
Приготвување: исчистете го месото од жиличките и исечете го на тенки ленти. Изблендирајте половина од состојките за маринада, додајте ги преостанатите состојки и маринирајте го месото (претходно исчистено и исечено на тенки лентички). Оставете да отстои 2 часа. Потоа, печете го 2 минути во тава, па префрлете го врз загреана тортилја и додајте ситно исечкан кромид и коријандер. Пред консумирањето, исцедете парче портокал.
Извор: Убавина и здравје