Skip to main content

Голем пад на цените на нафтата по изјавата на Трамп

Цената на суровата нафта на светските барзи буквално „потона“ по изјавата на Трамп дека ги Соединетите Американски Држави ги прекинува воените дејствија кон Иран и оти двете држави два дена биле во преговори.

Цената на нафтата падна од околу 113 долари за барел на 104 долари за барел.

Претходно, Трамп на неговата социјална мрежа „Truth Social“ откри дека двете земји се во интензивни преговори за ставање крај на конфликтот.

Задоволство ми е да известам дека Соединетите Американски Држави и државата Иран во изминатите два дена имаа многу добри и продуктивни разговори во врска со целосно и тотално решавање на нашите непријателства на Блискиот Исток, напиша Трамп.

Врз основа на позитивниот тек на овие разговори, кои според него се детални и конструктивни, американскиот претседател донел одлука за привремено стопирање на офанзивата.

Врз основа на тонот и атмосферата на овие разговори, кои ќе продолжат во текот на целата недела, му наредив на Одделот за војна (Пентагон) да ги одложи сите воени удари врз иранските електрани и енергетска инфраструктура за период од пет дена, во зависност од успехот на тековните состаноци и дискусии, додаде Трамп, завршувајќи ја пораката со благодарност за вниманието.

Поврзани вести