Филипче е синоним за смрт, во тетовската болница живи му изгореа 14 луѓе, од корона скоро 10.000, а на Онкологија место лек му давале раствор. СДС не бира средства за собирање политички поени, искористувајќи и немили настани за загуба на најмлади животи. Ако во државата има некој кој што е симбол за смрт во здравството, тоа е токму лидерот на СДС, Венко Филипче, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.
Од владејачката партија додаваат дека СДС не треба да заборави дека нивниот лидер долги години беше министер за здравство и ако некој е виновен за состојбите во здравството, тогаш тој е лично Венко Филипче.
Наместо да ги средува состојбите и да ги подобрува условите во здравството, Филипче како министер го интересираа само провизиите од местењето тендери, од лековите за Онкологија кои ги продаваа на црниот пазар а на пациентите им даваа физиолошки раствор, од вакцините за корона вирусот и така натаму.
За време на министерувањето на Филипче со здравство, Македонија беше на врвот на европските и светски листи по смртност. Официјалните податоци покажуваат дека во државата од корона вирусот починале скоро 10 илјади македонски граѓани.
Филипче е министер на кого во државна болница, под негова надлежност, во Тетово живи му изгореа 14 луѓе, а одговорност за тоа како и за сите останати трагични настани, немаше.Наместо да одговара за сите погоре споменати случаеви, Филипче сега се устоличи во претседател на СДС и продава приказни за морал, играјќи на картата на кратка меморија. Граѓаните паметат и многу добро знаат кој е најодговорен за состојбите во здравството, се додава во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.