Skip to main content

„Трето Уво“ организира циклус на концерти под наслов JAZZOTERIA : Серија од шест ексклузивни настапи на врвни македонски џез музичари

Со цел за поголема промоција и афирмација на современата македонска џез сцена, продуцентската куќа Трето Уво, организира циклус на концерти под наслов JAZZOTERIA – серија од шест ексклузивни настапи на врвни македонски џез музичари: Гордан Спасовски, Дуња Иванова, Тони Китановски, Георги Шарески, Оливер Јосифовски и Ѓоле Максимовски, што ќе се одржат во аудиоцентарот Аудиокултура Скопје

“JAZZOTERIA” претставува интимен и автентичен музички формат, во кој секој од уметниците ќе се има свој соло рецитал, откривајќи ја личната музичка визија, импровизацијата и креативната слобода што ја носи џезот. Публиката ќе има ретка можност да ги слушне овие исклучителни музичари во блиска и акустично совршена атмосфера. JAZZOTERIA има за цел да поттикне промоцијата и популаризацијата на сè поквалитетната македонска џез сцена, која во последните години се развива со силна креативна енергија и со музичари што се препознатливи и надвор од земјата. Преку овие концерти се отвора простор за директна комуникација меѓу уметниците и публиката, како и за ново доживување на современиот џез израз.” – вели Иво Јанкоски продуцент н проектот.

Организатор на циклусот е продуцентската куќа Трето Уво, која со години активно делува на македонската музичка сцена преку организација на концерти, фестивали и музички проекти. Трето Уво е етаблиран како значаен двигател во промоцијата на современата македонска музика, особено во нејзиното претставување пред меѓународната публика и културните сцени надвор од земјата.

Со оваа серија на концерти, Аудиокултура повторно се потврдува како значајно место за врвни музички доживувања и поддршка на домашните уметници, создавајќи платформа каде македонскиот џез може да се слушне во својата најчиста и најинтимна форма.

Поврзани вести