Skip to main content

Утре сончево и топло со температури до 18 степени Целзиусови

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени Целзиусови.

Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 18 степени Целзиусови.

Во недела и понеделник претпладне ќе преовладува променливо облачно и малку посвежо време со слаби локални врнежи од дожд. Од вторник следува период на стабилно време со услови за појава на утринска магла по котлините. Дневните температури ќе бидат во благ пораст. 

Поврзани вести