Skip to main content

Со претставата „Кец на десетка“ во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево денеска почнува манифестацијата „Кичево – Град на културата 2026“

Со урнебесна комедија и многу позитивна енергија, утре (четврток) на 5 март свечено ќе биде отворена манифестацијата „Кичево – Град на културата 2026“. Настанот започнува во 20:00 часот во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, а публиката ќе има можност да ужива во 75 минути чиста комедија.

Претставата „Кец на десетка“, во продукција на „Македонски народен театар“, носи динамична и блиска приказна што гарантира смеа од почеток до крај.

Со оваа претстава официјално започнува културната година во рамки на „Кичево – Град на културата 2026“, проект кој е финансиран од Министерство за култура и туризам на Република Македонија и Општина Кичево.

Организаторите најавуваат богата програма исполнета со културни содржини, а отворањето е резервирано за смеа и добро расположение.

Кец на десетка“ раскажува приказна за: Едно семејство, Иден зет, Тајни, недоразбирања и ситуации што излегуваат од контрола, спонтана, динамична и исклучително духовита, оваа комедија носи препознатливи ситуации од секојдневието, преточени во сцени што ќе ве насмеат до солзи.

Картите ќе бидат пуштени во продажба два часа пред почетокот на претставата на шалтерот од НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево.

Поврзани вести