Skip to main content

Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ копнено преку Саудиска Арабија

 Амбасадата на Република Македонија во Абу Даби соопшти дека се разгледува можноста за репатријација и евакуација на нашите граѓани од Обединетите Арапски Емирати преку Кралството Саудиска Арабија. Како што се наведува во објавата на социјалните мрежи, репатријацијата и евакуацијата на нашите граѓани, кои се затекнати во ОАЕ, ќе се одвива преку копнената граница кон Кралството Саудиска Арабија и од таму со авиони што полетуваат од нивна територија.  

– Транспортот од Обединетите Арапски Емирати до Кралството Саудиска Арабија би се одвивал по копнен пат со автобуси и тој би траел од 13 до 15 часа. Преку формално барање/нота од Амбасадата и МНР врз основа на доставен список, властите на Саудиска Арабија би издале хуманитарни визи за македонските граѓани на самиот граничен премин – се наведува во информацијата.

Македонските граѓани, кои се заинтересирани за оваа можност, треба да се пријават на дежурниот број на Амбасадата +971 56 441 7532, како и на имејл-адресата: [email protected].

Министерството за надворешни работи пред два дена ги објави телефоните за помош за нашите граѓани на Блискиот Исток.

МИА

Поврзани вести