Skip to main content

Мицкоски за патот кон ЕУ: Мора да обезбедиме гаранции дека нема повеќе условувања

 До позицијата во која се наоѓаме сега нè доведе политиката на претходната влада, некој мекотел го донел „слонот во собата“ и ние не можеме да го игнорираме, изјави премиерот Христијан Мицкоски во интервјуто за ТВ Сител, прашан дали е неизбежна промена на Уставот и при промена на принципот на проширувањето на ЕУ со модел на членство без право на глас.

-Бев многу внимателен во своите изјави, дека се слуша во тие кругови во Брисел и се заговара една ваква идеја, но дали до тоа ќе дојде, не знам. Ние мора како одговорни политичари се што ќе слушнеме на релевантни места од релевантни луѓе да го антиципираме, да го процесираме и да креираме стратегија. Па така како Влада креираме стратегија, ги антиципираме сите овие нешта и врз основа на тоа реагираме. Значи, ние сме проактивни, не сме реактивни. Но ќе повторам по којзнае кој пат, ние немаме намера да бидеме мекото ткиво слично на нашите претходници. Нема да бидеме политички мекотели. Ние како Влада и како политичка партија имаме многу јасен став по тоа прашање. И тука никој во македонската јавност, ниту, пак, веќе и во меѓународната јавност треба да има дилема. Што е тоа што ние го очекуваме? Ако ние сме жртва на мекотелната политика на претходната Влада, на политиката којашто не го заштитила интересот, бидејќи не е тоа храбар чекор, тоа е глупав чекор. Тие велат тоа е храброст, не, тоа е глупост. Ние мораме да бидеме тие коишто ќе се обидат сè да направат што можат тоа да го исправат, а притоа да обезбедат гаранција дека повеќе нема да има ваков тип на условувања. И истовремено, ако ние почитуваме, треба сите да почитуваат. Ако за нас важи принципот Pacta sunt servanda, треба да важи за сите, нагласи Мицкоски. 
 
Во однос на ставот на Венко Филипче од СДСМ искажан во интервју за истата телевизија дека доколку не се исполни договорот, можни се инциденти, Мицкоски со став дека „тоа е изјава на неодговорен политичар“ и дека „ваквиот тип на авантуристички мекотелни политики од страна на опозицијата не само што не помагаат, туку дополнително одмагаат.“

-Македонија е членка на НАТО, којашто во рамки на Алијансата има свои права и обврски; потоа ова е Влада којашто владее на целата територија на државата и точно знае што се случува на целата територија; трето, имаме принципиелна политика; четврто – ние имаме усогласена надворешна и одбранбена политика со ЕУ, прва земја од регионот што тоа го направи; петто, Советот на Европа само нам од сите земји од Западен Балкан ни го прекина постмониторингот, што значи дека сме зрела демократија, се почитуваат човековите права и владее правото, истакна  Мицкоски во интервјуто во Дневникот на ТВ Сител. 

Поврзани вести