Skip to main content

Савичевиќ: Oд Железничар уште чистачката не играше во репрезентацијата на Југославија

Дејо Савичевиќ е познат по тоа што секогаш го кажува она што го мисли, дури и ако тоа некого навреди. Тој говореше за односот во југословенската репрезентација и селекторот Ивица Осим.

Имаше многу играчи од Сараево. Во А репрезентацијата не настапи само чистачката од Железничар. За жал. Дали имал притисок од луѓе од околината на Сараево? Нема играч од таму што не добил шанса. Ја имав таа една шанса против Аргентина, да постигнев гол веројатно ќе одевме понатаму. Имаше повеќе нервоза отколку убави моменти. Жал ми е што по првиот натпревар не ги зедов работите и не си отидов дома. Тоа беше тортура за мене, тоа Светско првенство. Му реков на Осим, ако не ме ставаш не ме викај. Нема се лутам но седнување на клупа и влегување не доаѓа предвид. Или ќе играм или нема да доаѓам повеќе.

Поврзани вести