Skip to main content

Хилари Клинтон: Не знаев за злосторствата на Епстин

Поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон, на денешното сослушување во Конгресот, изјави дека не знаела за злосторствата на Џефри Епстин и Гилејн Максвел.

Немав поим за нивните криминални активности. Не се сеќавам дека некогаш сум го сретнала господинот Епстин, наведе Хилари Клинтон во воведниот говор, што го сподели на социјалните мрежи.

Таа и претходно изјави дека нејзиниот сопруг, поранешниот американски претседател Бил Клинтон патувал со Епстин на добротворни настани, а таа не се сеќава дека некогаш се сретнала со покојниот, осуден сексуален престапник. Хилари призна дека била во контакт со поранешната девојка и блиска соработничка на Епстин, Максвел, која присуствуваше на свадбата на нивната ќерка Челси Клинтон во 2010 година.

За утре е закажано сослушувањето на Бил Клинтон. Првпат поранешен претседател ќе сведочи пред Конгресот.

Хилари и Бил Клинтон првично одбија да сведочат, но подоцна попуштија откако пратениците се обидоа да ги обвинат за непочитување на Конгресот.

Поврзани вести