Skip to main content

Средба на заменик-министерот Ристески со гувернерот на Народна Банка

Фото: Министерство за економија

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески и директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски оствариле средба со гувернерот на Народната банка Трајко Славески на која дискутирле за клучните макроекономски показатели во државата, ценовната и финансиската стабилност, како и тековите на инфлацијата.

Соговорниците, како што информира Министерството за економија и труд, оцениле дека економијата е стабилна и бележи солиден раст, а стабилниот курс на денарот во однос на еврото претставува важен фактор за зачувувањето на довербата во економијата, финансиската стабилност и конкурентноста на домашната економија.

– Во однос на инфлацијата и ценовните флуктуации, соговорниците оценија дека веќе неколку месеци наназад се бележи стабилизирање на ценовните движења, а се очекува овие трендови да продолжат и во наредниот период. Проекција на Народната Банка е дека годишната инфлацијата ќе изнесува 2,5 проценти, додека на среден рок ќе се врати на историските 2 проценти. Ристески, Стојкоски и Славески се согласија дека добрата соработка и координација помеѓу Народната банка, Министерството за економија и труд и Државниот пазарен инспекторат се значајни за носењето и спроведувањето на дел од политиките со кои се поттикнува економскиот развој на земјата, се вели во информацијата од Министерството за економија.

Заменик-министерот Ристески и го честитал јубилејот на Народната банка – 80 години од формирањето на оваа институција.

Поврзани вести