Skip to main content

Шпанија ќе забрани продажба на енергетски пијалаци на лица помлади од 16 години

Фото: Freepik

Шпанија ќе забрани продажба на енергетски пијалаци на лица помлади од 16 години, додека пијалаците кои содржат 32 милиграми кофеин на 100 милилитри ќе бидат забранети за лицата помлади од 18 години, бидејќи нивната консумирање доведува до нарушување на сонот и предизвикува кардиоваскуларни болести, изјави денеска министерот за социјални права и потрошувачка Пабло Бустиндуј.

Но, тој не прецизира кога ќе стапи во сила забраната.

Бустиндуј истакна дека забраната за продажба на енергетски пијалаци има широка поддршка од јавноста. Според анкетата објавена минатата недела од Шпанската агенција за безбедност на храната и исхраната дури 88,3 проценти од испитаниците на возраст од 18 до 35 години ја поддржуваат забраната.

Резултатите од анкетата покажуваат дека околу 25 проценти од испитаниците консумираат енергетски пијалаци двапати неделно. Речиси половина од тие кои консумираат енергетски пијалаци пијат барем еден дневно, а 47 проценти редовно ги мешаат со алкохол.

Во извештајот на Шпанската агенција за безбедност на храната и исхраната од 2021 година се наведува дека прекумерната консумација на кофеин може да предизвика несакани физиолошки ефекти, од нарушувања на спиењето, до психолошки ефекти и промени во однесувањето, па сè до кардиоваскуларни нарушувања.

Во северните шпански автономни региони Астурија и Галиција од лани е забранета продажба на енергетски пијалаци на деца под 16 години. 

Поврзани вести