Skip to main content

Пет премиери во Театар за деца и младинци во 2026 година

НУ Театар за деца и младинци – Скопје ја објави својата годишна програма со проекти поддржани од Министерството за култура и туризам како проекти од национален интерес.

Поддржани се вкупно 4 премиери, а за уште една ќе се реализира со средства префрлени од минатата година. Се работи за постановки на текстовите:

  • „Златокоса и мечките“ – куклена претстава за деца од авторот Роберт Сути/Лав Толстој – драматург Горјан Милошевски, режија Драган Довлев.
  • „Патот на Баба Јага“ (работен наслов) – автор Хана Корнети, режија Хана Миленковска.
  • „Моби Дик“ – драматург Тијана Грумиќ, режија Дамјан Кецојевиќ.
  • „Коцкар“ – според автор Фјодор М.Достоевски, режија Билјана Радиноска.
  • „Садако сака да живее“ – автор Карл Брукнер, адаптација и режија Тамара Кучиновиќ, куклена претстава.

ТДМ доби средства за две гостувања во странство и тоа на 28.Меѓународен куклен фестивал „Златна искра“ во Крагуевац, Србија со претставата „Садако сака да живее“ и со претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Меѓународен фестивал во Темишвар, Романија. А со 600.000 денари е поддржано 5. издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“.

Од областа на инвестициско одржување, осигурување, адаптација и набавка на опрема, ќе се набавува звучна опрема.

Поврзани вести