Skip to main content

Промоција на публикацијата „70 години македонски филмски плакат 1952-2022“ во Кинотека

Кинотека

Промоција на публикацијата „70 години македонски филмски плакат 1952 – 2022“, ќе се одржи на 27 февруари, во 19:00 часот во просториите на Кинотеката.

Овој ексклузивен настан претставува значаен културен момент во одбележувањето на седум децении од развојот и историјата на филмскиот плакат во Македонија. Монографијата опфаќа богата збирка од највпечатливите и најистакнатите плакати креирани во периодот од 1952 до 2022 година, како визуелна хроника на македонската филмска уметност, дизајн и естетика, велат од Кинотека.

Промотори на изданието: д-р Александар Прокопиев и Јане Алтипармаков, со присуство на авторите на изданието.

Настанот ќе биде збогатен со пригодна изложба на избор од македонските филмски плакати.

Поврзани вести