Skip to main content

На Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип денеска продолжува јавната дебата за предлог-законот за високо образование

Република

На Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип денеска во 18 часот продолжува јавната дебата за предлог-законот за високо образование. Од Министерството за образование и наука (МОН) соопштија дека на дебатата ќе присустува и министерката Весна Јаневска.

Досега јавни дебати беа одржани на Универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и вчера на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и во Македонската академија на науките и уметностите.

Законот за високото образование и законот за квалитет во високото образование се поставени на националниот регистар на прописи (ЕНЕР), а засегнатите може да праќаат коментари и на двете е-адреси на МОН за двата предложени закона. На ЕНЕР од саботата е поставен и текстот на новиот закон за научноистражувачка дејност.

Министерката Јаневска соопшти дека сите предлози што се конструктивни ќе бидат прифатени, а техничките грешки во законите ќе бидат исправени. Сите аргументирани забелешки за кои работната група смета дека се прифатливи, рече таа, ќе бидат внесени во предложениот текст и потоа тој ќе остане уште неколку дена на ЕНЕР пред да оди во владина процедура.

Поврзани вести