
Во второто коло од натпреварувањето, Вардар го продолжува својот европски поход со важен дуел против силната германска екипа Мелсунген. Натпреварот ќе се одигра на 24 февруари 2026 година (вторник) со почеток во 20:45 часот, во спортскиот храм на македонскиот ракомет – СЦ Јане Сандански.
За да остане во трка за позициите кои водат до осминафиналето, Вардар мора да победи.
Нè очекува тежок натпревар, исполнет со динамика, цврста игра и голема борба на теренот. Но, Вардар секогаш знае како се игра кога е најпотребно, со карактер, со страст и со срце.
Ние типуваме на победа! Во Видеолотарија Касинос Австрија веруваме во тимот, во борбениот дух и во непокорот што го носи црвено-црниот дрес. Нашата поддршка за Вардар е поддршка за спортот, за тимската сплотеност и за победничката енергија што ја обединува цела Македонија.
Кога игра Вардар – игра срцето на Македонија. Ние сме таму, рамо до рамо, до самиот крај.
Комерцијална објава

Македонски



