Skip to main content

Рисима Рисимкин и Дејан Битровски гости на танцовата компанија „Еутопија“ во Италија

На покана на Џилда Цесарио, уметнички директор на танцовата компанија „Еутопија“ Рисима Рисимкин и Дејан Битровски деновиве претстојуваат во Таранто, Италија. Во рамки на проектот „AEthos X Lab” Рисимкин работи со компанијата на нова оригинална кореографија, на музиката е на композиторот Тони Китановски, костимите се на Благој Мицевски, а дизајн на светло на Матеа Мијановиќ.

Во рамки на проектот, кореографот и танчер, Дејан Битровски, ќе оддржи повеќедневни работилници за современ танц.

За време на престојот во Италија тие ќе ја претстават работата на Катедрата за современ танц при Универзитетот “Гоце Делчев” од Штип и ќе оддржат аудиција за современата танцова програма за сезоната 2026/2027.

Поврзани вести