Skip to main content

Претставата „Љубовни писма“ со Игор Ангелов и Верица Недеска ќе биде изведена вечер во „The Dude Specialty Coffee“

Претставата „Љубовни писма“ (Love Letters) по истомената драма на  американскиот автор Алберт Рамсдел Гарни ќе биде изведена вечер во 20 часот во просторот на „The Dude Specialty Coffee“ во Скопје. Улогите ги толкуваат Игор Ангелов и Верица Недеска. Ангелов е и режисер кој за претставата избира  минималистички пристап.

Текстот ја следи кореспонденцијата меѓу двајца луѓе од детството до зрелоста — нивниот однос се развива низ писма што сведочат за љубов, амбиција, социјални разлики, компромиси и пропуштени можности.

-Наместо режиски интервенции, создаден е простор за слушање — простор каде секој збор има тежина, а секоја пауза значење. Љубовни писма“ со децении опстојува на светските сцени благодарение на својата едноставна, но длабоко човечка структура. Таа е драма на тишината, на паузите, на неизговореното.  Она што ја прави оваа драма посебна е нејзината форма: нема класична сценографија, нема движење, нема драмска експлозија. Сè се случува преку читање. Преку збор. Изведбата во амбиентот на „The Dude Specialty Coffee“ дополнително ја засилува интимноста — публиката не е набљудувач од дистанца, туку непосреден сведок на едно животно писмо што се чита пред неа, соопштија организаторите. 

Во најавата за претставата додаваат и дека взуелниот сегмент на изведбата е надополнет со илустрации на младата уметница Веда Спасовиќ. 

Поврзани вести