Skip to main content

Дуран Дуран официјално потврди Македонија е на мапата на нивната европска турнеја – на 2 јули во Арената „Борис Трајковски“

Обожавателите на британската поп музика имаат огромна причина за славење. Легендарниот бенд Дуран Дуран официјално потврди дека Србија и Македонија ќе бидат на мапата на нивната претстојна европска турнеја.

Иако фокусот денес беше на најавите за три ексклузивни концерти во Италија (Арена ди Верона, Казерта и Вила Манин), бендот ја разгоре имагинацијата на фановите низ целиот Балкан со официјално соопштение. Како дел од летната турнеја, покрај Италија, Данска, Холандија и Чешка, Дуран Дуран директно ги потврдија настапите во Србија, Унгарија, Бугарија и Македонија.

Деновиве се чека точниот датум и локација на концертот во Македонија.

Последно беше најавен нивен концерт за пандемиската 2020 година, а од Аволон продукција тогаш соопштија:

„Duran Duran требаше да свират овој септември во Скопје. Голем open air. Сега се работи на префрлување на сите датуми од 2020-та во 2021-ва година.“

Поврзани вести