
Туризмот е еден од нашите приоритети, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за состојбата со овој сектор во земјава.
Минатата 2025 година според бројките кои ги објави Државниот завод за статистика имаме зголемен број на туристи, некаде над 6 проценти. Но, она што посебно охрабрува е што е зголемен бројот на странски туристи над 10 проценти. Се ближиме кон бројката од 3 ипол преноќувања што претставува значаен податок – вели Мицкоски.
Премиерот посочи дека продолжува праксата за посета на Македонија од организирани групи, а тој очекува и иден двоцифрен број на раст кај странските туристи.
Паралелно работиме во поддршка на изградба и реновирање на постоечките сместувачки и угостителски капацитети. Целта наша е да успееме да дојдеме, ако е возможно, до 5 милиони преноќувања во Македонија. Работиме во таа насока – вели Мицкоски.
Државниот завод за статистика соопшти дека вкупниот број на туристите во земјава лани бил поголем за 6.0 % во однос на 2024 година. Кај странските туристи има зголемување од 10.3 %, а кај домашните намалување од 2.2 %.
Бројот на ноќевањата, пак, бележи раст од 0.8 %. Кај домашните туристи има намалување за 4.1 %, а кај странските раст од 6.4 %. Во декември 2025 година, од вкупниот број туристи, 36.7 % биле домашни, а 63.3 % се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во декември 2025 година изнесува 112 001, од кои 42.4 % се од домашните туристи, а 57.6 % од странските.

Македонски



