Skip to main content

Панел дискусија, поезија и музика во чест на безвременските стихови на Кавафис денеска во „Јавна соба“

По повод Меѓународниот ден на грчкиот јазик и повторното објавување на Избор од поезијата на светски познатиот грчки поет Константинос Кавафис, Амбасадата на Грција организира настан во чест на безвременските стихови на Кавафис и трајната убавина на грчкиот јазик.

Настанот ќе вклучува панел-дискусија за наследството на поетот, неговиот препознатлив глас и неговата континуирана релевантност во современиот свет, со учество на истакнатите панелисти: Кристијан Велјанов (раководител на Одделот за грчки јазик и култура, Здружение „Пелагонија“, Милтијадис Фиоренцис (актер, наставник по драма) и Бојан Саздов (главен уредник во Издавачкиот центар ТРИ).

Панелот ќе го модерира Борче Николовски.

Избрани песни од Кавафис, на музика, ќе ги изведе баритонот Николаос Караѓијаурис.

Четврток, 12 февруари во 18:00 часот во Јавна соба.

Поврзани вести