Skip to main content

Прва седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Вечерва имаше прва редовна седница на новиот состав на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.Во рамките на кадровските освежувања, Извршниот Комитет донесе одлука за распишување на огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата на ветерани и генерален избор на претседатели на сите општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ, oбјави лидерот Христијан Мицкоки.

Се донесе одлука за избор на повеќе претседатели на партиски комисии. За Претседател на Комисија за здравство избран е Сашо Клековски, за Претседател на кадрова комисија е избран Благоја Ташаминов, Претседател на комисија за безбедност и одбрана е Панче Тошковски, додека нов Претседател на комисија за туризам е Аккан Махмут.

Поврзани вести