Skip to main content

Директорот на ДЗС се сретна со доброволни пожарникари за засилување на соработката

Дирекција за заштита и спасување

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, денеска одржа работна средба со доброволни пожарникари за засилување и подобрување на оперативна координација со ДЗС во пресрет на сезоната на пожари на отворен простор, соопштија попладнево од ДЗС.

Работната средба, покрај засилувањето на соработката, опфати и повеќе други поврзани теми, меѓу нив и за конкретизирање и дополнување делови од законите за пожарникарство и за здруженија, согласно потребите и практиките за ангажирање на доброволните противпожарни друштва, пишува во соопштението на ДЗС.

Поврзани вести