
Од 20 до 22 февруари 2026 година, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, ќе се одржи Wedding Expo Skopje 2026, единствениот и традиционален саем за венчавки во Македонија, кој оваа година се организира по 14-ти пат, потврдувајќи го својот континуитет и значење за свадбената индустрија.
Свеченото отворање ќе биде збогатено со настап на култниот македонски бенд „Нокаут“.
Посебно внимание ќе привлече и ревијата „Познатите во венчаници“, еден од најпрепознатливите сегменти на саемот, во кој јавни личности ќе се појават во улога на невести и младоженци, носејќи креации од домашни дизајнери и ателјеа и претставувајќи ги најновите свадбени трендови.
Програмата ќе ја води актерката и ТВ-водителка Ангела Апостоловска, попозната како „Жена без рачна“, која со својот автентичен стил и сценска присутност ќе ѝ даде дополнителен ритам и динамика на атмосферата.
Покрај шоу-програмата, Wedding Expo Skopje 2026 нуди и комплетна понуда за организација на венчавка – венчаници, машки костуми, накит, фотографи, декорации, музика, кетеринг, патувања, како и ексклузивни саемски попусти и подароци достапни само за време на настанот.
Влезниците се веќе во продажба онлајн преку karti.com.mk, а ќе бидат достапни и на билетарата на самиот влез за време на сите три саемски денови.

Македонски



