Skip to main content

Националниот џез оркестар ја отвори концертната сезона со стоечки овации

Националниот џез оркестар ја отвори концертната сезона со концерт насловен National Jazz Orchestra with String Ensemble, а публиката уживаше во секоја изведба и ја поздравуваше со аплауз, за на крај да кулминира со стоечки овации и аплауз со кој ги испрати музичарите од сцената.

За почеток на сезоната Националниот џез оркестар под диригентската палка на Џијан Емин настапи заедно со гудачки ансамбл од музичари на Националната опера и балет, а гостин им беше гитаристот Георги Шаревски, чии композиции беа изведени вечерта,

Покрај композициите на Шаревски публиката која ја исполни салата на Македонската филхармонија имаше можност да проследи и композиции на Трајче Велков, Зоран Костадиновски, Џијан Емин, Гоце Стевковски, Сашко Николовски и Гордан Спасовски, кој бепе отсутен поради учество на натпреварot International Big Band Composition Contest во Холандија, каде го освои првото место со композицијата “Lioness”.

Особено уживање приредија солистите Кирил Кузманов на саксофон и флејта и Бојан Цветковиќ на пијано.

Поврзани вести