
Претставници на Амбасадата во Париз, предводена од Амбасадорот Игор Николов, со особено задоволство присуствуваa на забавната вечер во Кантеле (Canteleu), организирана од Француско-македонското здружение „Илинден 1903“.
Настанот, кој собра бројни припадници на македонската заедница од регионот на долината на Сена, помина во исклучително топла и свечена атмосфера, исполнета со чувство на заедништво, гордост и културна поврзаност.
Посебно задоволство ни претставуваше можноста за средба и соработка со локалните власти, меѓу кои г. Toni Delahay, градоначалник на Кантеле, г-ѓа Catherine Tafforeau, советник за млади и образование, како и г. Franck Confais, советник за спорт и асоцијативен живот. Оваа средба уште еднаш го потврди значењето на добрата соработка меѓу институциите и заедниците. Им благодариме на организаторите за поканата и одличната организација, како и на сите присутни за топлиот прием и прекрасната атмосфера, објавија од македонската амбасада во Франција на социјалните мрежи.

Македонски



