
Фудбалерите на Реал Мадрид победија во дербито од 21. коло во шпанската Ла Лига против Виљареал на гостински терен со 2-0, што им го донесе лидерското место на табелата.
„Кралскиот клуб“ беше подобар од самиот почеток, а во водство дојде на стартот од второто полувреме со голот на Килијан Мбапе.
Виљареал потоа се обиде да се врати во игра, но Жерар Морено ја пропушти најдобрата шанса во 63. минута.
Победата на мадриѓаните беше потврдена во 94. минута кога Мбапе погоди од пенал за 2-0.
По оваа победа, Реал Мадрид води на табелата со 53 бодови, два повеќе од второпласираната Барселона, која денеска го пречекува Овиедо.

Македонски




