Skip to main content

Кај украински војник пронајдени 549 камикази дронови коишто се обидувал да ги продаде

Во Украина, во дом на украински војник се пронајдени 549 камикази дронови коишто тој се обидувал да ги продаде на црниот пазар.

Според информациите од украинските безбедносни служби, кај војникот се пронајдени и 80 килограми експлозив, 2,5 илјади електрични детонатори и 74 илјади долари.

Тој бил уапсен кога се обидел да продаде два митралеза за 175 илјади гривни (3400 евра). Сега се соочува со 7-годишна затворска казна.

Поврзани вести