Skip to main content

Касемиро заминува од Манчестер Јунајтед

Бразилскиот фудбалер Касемиро на крајот на сезоната ќе замине од Манчестер Јунајтед со истекот на неговиот договор, објави англискиот клуб. Каземиро ја игра четвртата сезона во редовите на премиерлигашот и има одиграно 146 натпревари и постигнат 21 гол.

Во дресот на Манчестер Јунајтед Касемиро освои два купа – Лига купот во 2023 година и ФА купот во 2024 година.

Манчестер Јунајтед ќе ми биде во срцето до крајот на животот. Од првиот ден ја чувствувам љубовта која навивачите ми ја даваат. Има уште четири месеци до крајот и има уште натпревари. Мојот фокусот ќе биде дад дадам се од себе на секој натпревар“, изјави Касемиро.

Бразилецот во Манчестер Јунајтед дојде во август 2022 година од Реал Мадрид, каде што претходно успеа да освои и пехар во Лигата на шампионите.

Сè уште не е познато каде Касемиро ќе ја продолжи сезоната.

Поврзани вести