
Тина Русева триумфираше во натпреварот „The Voice of Europe 2025“, кога од публиката доби лајкови повеќе отколку што добија вкупно сите останати финалисти, па и од жирито.
21-годишната струмичанка веќе десетина години со своето семејство живее во Германија. Таа претходно се натпреваруваше во „The Voice of Germany“ каде што сите ја споредуваа со Витни Хјустон и Селин Дион, а според многумина Тина на настапите звучеше подобро и од оригиналните изведби на песните со кои што таа се претстави во ова популарно шоу.
Превозбудена од победата, Тина се огласи неколку пати во текот на вечерта, заблагодарувајќи се на сите што гласаа за неа.
Кога се натпреварите во прашање, Тина Русева всушност има големо искуство зад себе бидејќи настапува од многу млада. Но оваа победа дефинитивно е една од најзначајните во нејзиниот живот, а цела Македонија се гордее со неа.

Македонски




