Skip to main content

Гласале 242 од пријавените 248 болни или немоќни лица во Гостивар, Врапчиште, Маврово Ростуше и Центар Жупа

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека до 19.00 часот вечерва од вкупно 94 пријавени лица за гласање во казнено-поправните установи, гласале 45 лица. Од вкупно пријавените 248 болни или немоќни лица за гласање во четирите општини, Гостивар, Врапчиште, Маврово Ростуше и Центар Жупа до 19.00 часот правото на глас го оствариле вкупно 242 лица. Две лица гласале во Центар Жупа, 66 болни или немоќни гласале во Маврово Ростуше, 31 лице во Врапчиште и 143 лица во Гостивар.  

Гласањето за сите овие категории на гласачи се одвиваше непречено и без никакви проблеми и недоследности.  

ДИК известува дека резултатите од гласањето на болните, немоќните и лицата кои се на издржување казна затвор, не се објавуваат денеска посебно. Секое поединечно гласачко ливче е ставено во посебен затворен плик и во гласачките кутии и тие не се отвораат денеска. Броењето на овие гласови и објавувањето на резултатите од денешното гласање се врши заедно со резултатите од целокупното гласање на изборите утре по 19:00 часот, за секое избирачко место и секоја општина каде што се гласа. 

Поврзани вести