Skip to main content

Незаборавен времеплов со „Меморија“: Вечер исполнета со емоции, носталгија и моќен рок звук

Сониќа присутните на концертот во МКЦ уживаа во вечер исполнета со емоции, носталгија и моќен рок звук што не старее.

Во МКЦ, на истото место каде во 1984 година ја почнаа својата музичка приказна во една снежна декемвриска ноќ пред повеќе од 40 години, групата го имаше својот прв концертен настап токму во познатата Денсинг сала на тогашниот Дом на млади ‘25 Мај‘, синоќа на истото место, музичката историја на „Меморија“ се повтори. Се одржа уникатен концерт на легендарната група која на присутните им оживеа вистинско музичко патување – времеплов низ четири децении музичко творештво, исполнет со најголемите хитови кои оставија трага во македонската рок историја.

Меѓу изведувачите публика се потсети во живо на членови на групата кои низ годините биле дел од „Меморија“, создавајќи ретко и автентично доживување со. Апостол Икономов – Поце, Александар Стефановски – Јаблан, Ристо Самарџиев и Драган Василевски. Петар Георгиевски – Камиказа, Петар Димовски, Димитар Божиков, Рубин Димкоски, Ицо Јовковски, Душко Трпковски – Ринго. Тапанари ќе бидат Антонио Димитриевски и Мите Димовски. Клавијатуристи: Нино Бошњаковски, Давор Јордановски, Дејан Миновски  и Алекандар Хаџипаунов…

Поврзани вести