
Висококатницата во Дубаи на Зоран Заев, другар и бизнис партнер на Венко Филипче, веќе имаат и очевидци.Ако до сега постоеја само наводи и информации, сега има луѓе кои на лице место ја видоа нејзината изградба.Станува збор за човек познаник и поранешен соработник на Заев, Томе Аврамски, кој вели дека лично бил во Дубаи и ја видел неговата голема инвестиција за изградба на зграда од над 40 ката, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Во своето медиумско излагање тој, исто така, вели дека двајцата бизнис ортаци, Филипче и Заев во Дубаи имаат и станови, дури вели и дека бил во зградата каде овие двајца купиле станови.

Во своето сведоштво, Аврамски вели: „Еве јас сега одам во Дубаи, таму нешто работам и он (се мисли на Заев) е таму. Таму се сите. Тука е и Заев, тука е и бившиот министер, сега лидер на СДС (се мисли на Венко Филипче), и он е тука. Јас баш сум бил во зградата каде што купија станови. Еве сега Заев гради во Дубаи, зграда од 42 ката. Тоа се големи инвестиции, тоа се милиони евра“.
Ова е доказ дека златните визи на Зоран Заев и Венко Филипче се добиени врз база на инвестиции во недвижности и сам по себе скандал од невидени размери, додека СДС тука во Македонија ни продава чесност, морал и лажна грижа за граѓаните и државата.
Кога сме кај СДС и нивната дневна политика, сакаме да им порачаме на нивниот таканаречен антикорупциски тим, дека им го пријавуваме овој случај кој се однесува лично на Зоран Заев и очекуваме да го процесуираат и истражат.
Потоа, во нивен стил, да излезат на прес-конференција за на македонската јавност да им одговорат дали е точно дека додека државата ја остави на колена, опустошена и ограбена, Зоран Заев гради згради во Дубаи и тоа 40-катница и од каде му се парите за тоа?
Дали тоа се пари од криминалните тендери во РЕК Битола и дали во сето тоа е вмешан братот на Зоран Заев, Вице Заев и каква е неговата врска со Енис Колашинац?

Ние очекуваме антикорупцискиот тим на СДС сериозно да се занимава со ова прашање, да ги расчистат сите сомнежи и да ја информираат јавноста.Затоа што вистината заслужува и секогаш излегува на виделина, а правда мора и ќе има.

Македонски






