Skip to main content

Трамп дозволува можност за војна меѓу САД и Венецуела

Американскиот претседатрел, Доналд Трамп, ја призна можноста за избивање војна меѓу САД и Венецуела. Лидерот на Белата куќа, во интервју за новинарите на НБЦ, истакна дека не ја исклучува таквата можност.

Не ја исклучувам, не“, одговори Трамп на прашањето за таквата можност.

Сепак, Трамп одби да разговара подетално за можноста американските напади врз венецуелските цивилни бродови, извршени по негова наредба, да доведат до целосна војна, но истакна дека Белата куќа не е должна да добие одобрение од Конгресот за можни напади врз цели во Венецуела.

Не сум должен да барам дозвола од Конгресот. Тоа веќе е докажано. Не е проблем за мене да го известам Конгресот, но не сметам дека е потребно да го сторам тоа“, изјави Трамп.

Претходно, американскиот претседател нареди забрана за пристап за сите танкери за нафта кои се обидуваат да влезат или да ја напуштат Венецуела. Кратко потоа, три американски воени авиони беа забележани во близина на брегот на оваа латиноамериканска земја, а неколку танкери беа и стопирани.

Венецуела е целосно опкружена со најголемата армада некогаш собрана во историјата на Јужна Америка“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“, објавувајќи ја блокадата на Венецуела.

Венецуелските власти остро реагираа на постапките на Вашингтон, нарекувајќи ги акти на меѓународно пиратство.

Сето ова се случува во услови на значително зголемување на тензиите во карипскиот регион. Односите меѓу Вашингтон и Каракас се на работ на вооружен конфликт од сите размери.

Официјален Вашингтон со своитепостапки го зголемува притисокот врз Каракас, а како одговор, претседателот на Венецуела, Николас Мадуро ги повика Американците да се спротивстават на војната.

Претходно, Претставничкиот дом на САД отфрли две резолуции подготвени од демократите. Документите имаа за цел да ги спречат нападите врз бродови во Карипскиот басен и воените дејствија против Венецуела.

Поврзани вести