
Масовна двегодишна истрага во Франција откри огромна криминална мрежа за местење натпревари во професионалниот тенис. На мета се пониско рангираните играчи сна кои им се нудат пари за намерно губење, а неколкумина веќе се изјаснија за виновни.
Светот на тенисот го тресе еден од најголемите скандали во последните години откако француската полиција откри широко распространета меѓународна мрежа за местење натпревари.
Двегодишната истрага кулминираше со апсења на неколку тенисери, а приказната почна да се расплетува откако се појавија сомнителни облози на турнир во Родез.
Тогаш истражителите забележаа невообичаено високи исплати за натпревар во двојки во кој двајца француски играчи прикажаа многу чудна игра.
До денес, седум лица, вклучувајќи сегашни и поранешни играчи и нивни соработници, се обвинети за организирана измама, корупција во спортот и поврзаност со криминална организација. Тројца неодамна уапсени француски тенисери ги признаа делата за кои се обвинети и наскоро ќе се појават пред судија за да се соочат со формални обвиненија.
Криминалната мрежа имаше јасен и циничен план, таргетирајќи млади и пониско рангирани професионални играчи надвор од првите 100 на ранг-листата на АТП.
Според Стефан Пијала, шеф на единицата за измами со коцкање на француската полиција, овие играчи се идеални цели бидејќи не треба да им се нудат големи суми пари за да се согласат со измамата. Потресното сведочење на француската тенисерка Марин Парто (31) најдобро го илустрира притисокот со кој се соочуваат. За време на истрагата, таа откри дека ѝ биле понудени илјадници евра во готово на турнир во Романија само за да го изгуби првиот гем од натпреварот. Иако ја одбила понудата, таа рекла дека разбира зошто некои играчи би ја прифатиле, истакнувајќи дека износот е приближно еквивалентен на паричната награда за освојување на цел турнир на тоа ниво.

Македонски






