
Јавниот обвинител Љупчо Коцевски, иако по неговата интерпелација тој одби да се повлече, денеска ја достави својата оставка до Собранието на Република Македонија.
На 76. седница на Собранието која ќе се одржи денес, на дневен ред беше испланирано да се разгледа предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски, но сепак тој си ја поднесе својата оставка пред почетокот на седницата.
Тој во својата оставка замолува по инта постапка на денешната седница да биде изгласана неговата оставка и прекин на извршување на функцијата јавен обвинител на Република Македонија.


Македонски






