Skip to main content

Kaков луд натпревар во Манчестер, паднаа осум голови

Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, жали што неговиот тим не успеа да ги освои трите бода на средбата со Борнмут

Тимот од „Олд Трафорд“ синоќа одигра 4:4 на свој терен во 16. коло од англиската Премиер

– Беше возбудлив натпревар. Мислам дека дозволивме победата да ни избега. Ако го погледнете натпреварот, можеби ќе помислите дека испуштивме два бода во второто полувреме, но јас мислам дека ги испуштивме во првото полувреме. Требаше да постигнеме повеќе голови во првите 45 минути. Резултатот требаше да биде поинаков на полувремето. Како и на натпреварот против Нотингем, многу брзо примивме два гола, но се вративме и повторно поведовме. Потоа требаше да го затвориме натпреварот. Секако, горко е чувството дека и со постигнати четири гола ја немате победата и поради тоа сме разочарани, рече португалскиот тренер на прес-конференцијата по натпреварот. 

Манчестер јунајтед има 26 бода и е на шестото место на табелата во Премиер лигата. 

Поврзани вести