
Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева од понеделникот е на условен отпуст и го напушти затворот „Идризово“, откако издржуваше дел од седумгодишната затворска казна изречена во предметот „Рекет“, објави СДК“.
Како што изјави за „СДК.мк“ директорот на КПУ „Идризово“, Зоран Јовановски, Јанева добила условен отпуст и во наредниот период ќе има обврска редовно да се јавува во Основниот кривичен суд Скопје, сè додека казната формално не ѝ истече.
Јанева беше осудена на седум години затвор за злоупотреба на службената положба, при што во вкупната казна ѝ беше пресметано и времето поминато во притвор.

Македонски






